Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се наоѓа пред трансфер во редовите на актуелниот шампион на Италија, Милан, но за истиот да се реализира „росонерите“ ќе мораат да ја зголемат иницијалната понуда, пренесуваат италијанските медиуми.
Имено, откако вчера се појави информација дека миланскиот гигант е подготвен да понуди 35 милиони евра, денеска се шпекулира дека за заминување од Наполи се потребни 40 милиони евра.
Елмас е дел од Наполи од 2019 година, а изминатата сезона се наметна како еден од најстандардните во тимот. 22-годишникот одигра 46 натпревари во сите конкуренции на кои постигна седум гола и шест асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА