Играчот на Наполи, Елиф Елмас зборуваше за италијанското радио ЦРЦ за неговата разновдност која ја бара тренерот Антонио Конте, и нагласи дека некогаш барањата не се лесни за исполнување.
Елмас од класичен играч во средниот ред, се префрли во офанзивниот дел, зад напаѓачите, и вели дека таа улога му одговара.
„Се обидувам целосно да разберам што тренерот Конте бара од мене за да можам да напредувам. Кога играв како класичен играч од средниот ред, неговите барања беа различни и не сите веднаш ги разбирав“, изјави во шега Елмас.
„Против Милан и против Болоња играв друга позиции, и инструкциите се менуваат. Се обидувам секогаш да го исполнам она кое се бара од мене“, изјави македонскиот репрезентативец.
Елмас се потсети на незаборавните моменти од Скудетото во Наполи.
„Емоциите од освојувањето на Скудетото не може да се опишат, туку да се доживеат. Титулата во Неапол после 33 години беше посебна. Дури и за оние кои ги виделе Скудетата на Диего Армандо Марадона, повторно освојување беше нешто кое не се опишува“, изјави Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

