Фудбалскиот репрезентативец на Македонија Елјиф Елмас искрено за ФФМ говореше за моментот кога Турција го бараше да биде нив репрезентативец.
Тој вели дека иако Македонија му била прва опција, процедурата за издавање пасош во Турција да била побрза тој денеска ќе беше нивни репрезентативец.
„Имав неколку состаноци со Фатих Терим и со Турската фудбалска федерација. Ќе бидам искрен и отворено ќе зборувам дека имаше идеја и за такво нешто, а тие многу ме посакуваа. Но, дефинитивно прва опција ми беше Македонија бидејќи тука сум роден и израснат. Во тој момент не бев во А-репрезентација, а играв доста добро во ПМФЛ и ми беше малку криво. Мислам дека да беше процедурата побрза, можеби денеска ќе бев репрезентативец на Турција“, изјави Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА