Елмас: Можам да играм се освен голман, тренерот одлучува каде сум му најпотребен

Елиф Елмас продолжи со одличните игри во дресот на Наполи откако македонскиот „дијамант“ постигна  значаен гол за печат на победата на тешкото гостување против Аталанта (1-3). По тој триумф и ремито на Милан со Болоња сега „наполитанците“ се на само еден бод заостанување зад лидерот на табелата, подготвени за беспоштедна борба за скудетото.

За Елмас не постојат никакви дилеим, Наполи има се што е потребно за да стигне до шампионската титула.

„Отидовме во Бергамо и го сторивме она што беше потребно за да тигнеме до трите бода. Мојот гол? Чувството беше прекрасно и за мене и за сите во тимот бидејќи осигуравме значајна победа. За нас нема дилема, можеме да победиме на сите натпревари до крајот на сезоната и да стигнеме до скудетото. Едно е сигурно, нема да се бориме и ќе се бориме за секој бод до крајот“, истакна Елмас.

Македонскиот репрезентативец настапува на најразлични позиции во тимот и секогаш е подготвен да ги исполни задачите што му ги дава тренерот Спалети.

„Јас и Спалети имаме навистина добар однос. Знам дека тој ме почитува како играч, јас му возвраќам со добри партии. Можам да играм на сите позици, освен на голманската… тука сум да помогнам каде што ќе треба. Омилена улога ми е како плејмејкер зад напаѓачот, но добро се снаоѓам и по левата страна“, коментира Елиф Елмас.

Се вчитува...