После слабите резултати во последно време и драстично намалените шанси за титула во Серија „А“, Наполи може да му врачи отказ на Лучијано Спалети.
Спалети има договор до 2023 година, но во моментов неговата иднина е доведена во прашање со оглед дека тимот се оддалечи од „Скудетото“.
Според „Ла Република“, претседателот Аурелио Де Лаурентис веќе стапил во контакт со двајца тренери. Станува збор за Винченцо Италијано, актуелниот тренер на Фиорентина, како и менаџерот на Шахтјор, Роберто Де Зерби.
Наполи во моментов е трет со 67. бодови. На 30 април „наполитанците“ ќе играат со Сасуоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА