Елмас на клупа, Фиорентина го шокираше Наполи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фиорентина стигнаа до голема победа на гостувањето кај актуелниот шампион Наполи со 1-3 во последниот меч од 8. коло во италијанската Серија А.

Гостите дојдоа до водство од 0-1 преку Брекало во 7. минута, додека домаќините во судиското продолжение од првиот дел преку Осимен од пенал израмнија на 1-1. Ново водство за виолетовите од Фиренца донесе Бонавентура во 63. минута, додека конечните 1-3 беа дело на Гонзалез во 93. минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас натпреварот го помина на клупата за резерви.

 

Napoli 1-[2] Fiorentina – Giacomo Bonaventura 63'
byu/Meladroitdeposter insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...