Елмас на тренинг на Наполи: Убаво е што пак ве гледам, шампиони (ФОТО)

Елиф Елмас се приклучи на подготовките на Наполи за новата сезона, а на првиот ден од тренинг-кампот во Димаро македонскиот репрезентативец успеа да ги „запали“ навивачите.

Елмас на официјалниот инстаграм профил објави фотографии од првиот „работен ден“, со порака: Убаво е што пак ве гледам, шампиони…

Наполи се подготвува за разделба од неколку фудбалери, но Елмас не е меѓу нив и се очекува „македонскиот дијамант“ конечно да добие и првотимски статус во редовите на „сино-белите“ од Неапол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24)

Се вчитува...