Елмас: Не се важни моите голови, важно е Македонија што победува

Онака скромно, како и секогаш, Елиф Елмас веднаш по триумфот над Словенија не ги прифаќаше така лесно заслугите за големите три бода од пресметката на „Тодор Проески“. За него најважно е Македонија да победува, а неговите голови и игра се само во функција на тимот.

„Воопшто не се важни моите голови, јас само се обидувам да бидам во функција на тимот. Важно е Македонија да победува. Мислам дека повеќе од заслужено стигнавме до победата против една селекција како Словенија, одигравме квалитетен натпревар кој ни го отвора патот кон ЕП“ – ни изјави Елмас по мечот, веднаш дополнувајќи:

„Мора да искажам благодарност до селекторот кој силно верува во нас. Ни го покажа патот како да стигнеме до победа против Словенија која сега ни дава огромен мотив за гостувањето во Полска. Сигурно до победата не понесе и поддршката од трибините која беше извонредна. Прекрасно беше да се игра пред таква публика и затоа не ни беше тешко да одиграме така квалитетно полувреме“.

 

Се вчитува...