Елиф Елмас одигра уште еден фантастичен меч во репрезентативниот дрес, со маестрален погодок најавувајќи ја победата од убедливи 5-0 на дуелот со Лихтенштајн.
Македонија со овој триумф се враќа на табелата во својата група, а Елиф не ја крие големата желба – да заигра со Македонија на еден светски шампионат.
„Знаеме колку ни беа важни овие три бода, одигравме квалитетно, заслужено победивме и среќни сме поради тоа. Се надевам дека вака ќе продолжиме и понатаму, без разлика што не чекаат многу потешки натпревари. Одиме со ладни глави да го сочуваме нашиот сон од детството и да се пласираме на Светското првенство. Јас уште од првиот ден во репрезентацијата целам кон највисоко нешта, кон пласман на Европски првенства и на мундијалите. Затоа сум тука. Го давам максимумот не само за нашите сонови, туку и за соништата на малите дечиња кои што не гледаат. Од нив можеби еден ден ќе стане голем фудбалер и ќе ги брани боите на Македонија. Треба да бидеме поттик за тие млади фудбалери. Нема еуфорија кај нас, на сите ни е сон да играме на Светско и тоа е реалност, бидејќи може да го направиме тоа. Имаме одличен селектор, тимот е квалитетен и тука сме како една голема фамилија. На вистински пат сме и на крај сите се надеваме дека ќе ја израдуваме нацијата со пласман на планетарниот собир“, рече Елмас по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

