Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го пречека Казахстан во последната подготовка пред Европското првенство. Елиф Елмас ја повикува јавноста во што е можно поголем број да им даде поддршка и да ги испрати него и соиграчите на Европското првенство.
„И благодарама на публиката и поддршката која ни ја даде се надевам дека ќе биде исто и со Казахстан за да не испратат на најубав можен начин на Европското првенство. Очекувам добар меч против квалитетна репрезентација која како што кажа и селекторот успеа да и земе бодови на Украина во квалификациите за Светско. Ние како и на секој меч одиме на победа. Се надевам дека ќе дојдеме до триумфот и ќе ги израдуваме нашите навивачи. Свесни сме за тежината на натпреварите кои не чекаат на Европско. Досега завршиме добра работа и знаеме со какви противници играме. Поголемиот дел од репрезентацијата играме во силни лиги и навикнати сме на тешки натпревари“, изјави Елмас.
Мечот на арената „Тодор Проески“ е закажан за утре со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА