Елиф Елмас ја нема посакуваната минутажа во Наполи оваа сезона па нема да биде изненадување доколку ја промени средината до зимскиот преоден рок. А, како една од можните дестинации според турскиот портал „Аксам“ се јавува Ливерпул.
Англискиот состав е подготвен да го доведе македонскиот репрезентативец во своите редови со цел да го надмине проблемот кој го има во средината на теренот, а и 30-те милиони евра кои ги бара Наполи за реализација на негов трансфер нема да бидат проблем за Ливерпул.
Како потсетување, ова лето Елмас беше поврзуван со премин во Милан, но до истиот не дојде. Оваа сезона Македонецот настапи на само 15 натпревари на кои само три пати беше меѓу почетните единаесетмина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА