Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас остана без тренер во Фенербахче откако холандскиот стратег Филип Коку вечерва доби отказ од раководството на клубот.
По денешниот пораз од 1-3 од Анкарагучу пред своите навивачи, челниците на Фенербахче се одлучија да му се заблагодарат на Коку чиј ангажман и онака и претходно постојано висеше поради лошите резултати на тимот актуелнава сезона.
Елмас уживаше огромна доверба кај Коку, па по скромната минутажа во првиот тим минатата сезона оваа доби навистина отворена поддршка од Холанѓанецот кој силно веруваше во неговите квалитети.
Our football team coach Phillip Cocu's contract has been terminated.
Respectfully announced to the public. pic.twitter.com/V6lzL3zgoP
— Fenerbahçe SK English (@Fenerbahce_EN) October 28, 2018
Според најавите, Фенербахче до среда се очекува да го соопшти името на новиот тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА