ВИДЕО: Елмас пристигна во Торино на прегледи и потпис

Елиф Елмас денеска пристигна во Торино каде треба да го комплетира „кам-бекот“ во Италија, после една година мината во Германија во дресот на Лајпциг. Бундеслигашот ја прифатил понудата од Торино за позајмица на „дијамантот“ до крајот на сезоната.

Со тоа Елмас се враќа во Серија „А“ откако пред една година го напушти Наполи и се пресели во Германија. Иако за него сериозно беше заинтересиран и тимот на Валенсија, сепак, се одлучи за Италија.

Инаку во договорот на Елмас ќе има и откупна клаузула од 17 милиони евра по крајот на сезоната. Нема опција за задолжителен откуп, туку доколку Торино се одлучи да го задржи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @gianlucadimarzio.com

Се вчитува...