Елмас пак ќе игра во ЛШ, Наполи го пријави со нов број на дресот

Сосема очекувано, Елиф Елмас се најде на листата на фудбалери пријавени од страна на Антонио Конте за настап во дресот на Наполи во Лигата на Шампионите.

Македонскиот репрезентативец ја комплетираше позајмицата од Лајпциг во последниот ден од преодниот рок, Конте сериозно смета на неговите услуги, оа Елмас повторно ќе биде дел од елитното европско натпреварување откако и лани учествуваше во ЛШ во дресот на Лајпциг, но имаше минимална минутажа во германскиот клуб.

На листата на пријавени фудбалери е забележливо и дека Елмас со нов број на дресот ќе се врати назад меѓу „наполитанците“. Тој во дебитантската сезона во Серија А играше со 12-ка на грбот, потоа го зеде дресот со број седум, но бидејќи тој сега е зафатен од Бразилецот Нерес, Елиф сезонава ќе настапува со број 20 во дресот на „наполитанците“.

Се вчитува...