Новиот играч за врска на Торино, Елиф Елмас на прес-конференција ги искажа своите очекувања од новата авантура. Како што е познато, тој ќе ја заврши сезоната во италијанската Серија „А“ како позајмен од Лајпциг, а потоа италијанскиот тим ќе има право да го откупи.
Правото на откуп изнесува 17 милиони евра на крајот на сезоната.
Елмас рече дека Горан Пандев многу ми помогнал во неговата одлука да оди во Торино.
„Ќе дадам се од себе во овој тим кој има прекрасни навивачи и огромна историја. Веднаш ја прифатив понудата, врз основа на разговорот со Горан Пандев, мојот поранешен капитен и соиграч во репрезенацијата. Разговаравме кратко и ми рече побрзо да потпишам. Му благодарам и на него и на градот што ме примија тука. Сега се ставам на располагање на тренерот Ваноли во новите предизвици. Јас сум момче кое живее на емоции и неговата страст ја почувствував уште од самиот почеток. Во тимот има одлична атмосфера, составен е од многу добри момци и ги има сите предиспозиции да има добар втор дел од сезоната“, рече Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА