Во таборот на Македонија Ѓ.П. пред репрезентативната пауза ја направија можеби најважната работа сезонава, ја прекинаа серијата порази на стартот на Прва МФЛ и освоија бодови против Пелистер на домашен терен.
Сега, откако домашниот шампионат се рестартира, Македонија Ѓ.П. доаѓа на Арената на дуел со Вардар. Самиот Вардар носи секогаш дополнителен мотив за давање на максимум, така велат играчите на гостите од Ѓорче Петров.
„Нормално е што сме мотивирани до максимум. Вардар е мотивација сам по себе. Вечерен термин на Арената, публика… Кој не би сакал да биде дел од овој меч? Вардар е фаворит, но само на хартија. Далеку од тоа дека ние ќе го прецениме противникот. Знаеме што можеме, Македонија ЃП има квалитет да му се спротивстави на секого. Конечно го скршивме мразот против Пелистер и сега само треба да продолжиме понатаму во шампионатот. Имаме капацитет и квалитет да го изненадиме Вардар вечерва,“ изјави Мухамед Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

