Македонскиот фудбалер минува низ одлична сезона во Наполи, и покрај тоа што навивачите очекуваат и посакуваат далеку поголема минутажа за него во првиот тим. Досега има еден постигнат гол и една асистенција, но од клубот се максимално задоволно од начинот на кој ја игра својата прва сезона во најсилната лига во Италија. Елмас сезонава стигна и до првиот трофеј во својата кариера, Купот на Италија.
Според најавите, Џенаро Гатузо подготвува реконструкција на тимот за новата сезона во која Елиф Елмас би ја имал една од клучните улоги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

