Елмас повторно не тренира со Лајпциг, мораше да се врати во Италија

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по првичниот старт на подготовките со својот нов тим Лајпциг, повторно е надвор од тренажниот процес.

Како што информираат од Лајпциг, Елмас мораше да се врати во Италија како би завршил бирократските нешта за финална реализација на неговата преселба во Германија.

„Елиф Елмас не е на денешниот тренинг на тимот. Тој е во Италија во моментов да ги заврши финалните бирократски нешта, и се очекува утре повторно да се приклучи на тренинзите на тимот“ – соопштија од Лајпциг.

Се вчитува...