Елмас: Пресуди тактичката дисциплина…, но срамно е да се игра на еден ваков терен

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Елиф Елмас со уште еден одлично одигран натпревар, и тоа против Италија земјата во која со Наполи ја освои Серија А.

Елмас во текот на целата средба беше постојана латентна закана кон голот на Италијанците, иако како што вели по мечот биле тоа тешки 90 минути пред се и поради лошиот терен на арената „Тодор Проески“.

„Секогаш е тешко кога играш против европски шампион, но ние игравме дисциплинирано и во првото и во второто полувреме. Тактичката дисциплина во текот на целиот меч мислам дека одлучи“ – вели Елмас и дополнува:

„По примениот гол веднаш ја сменивме концепцијата почнавме нормално како што ни кажа селекторот да играме повисоко, и се смени текот на мечот. И во првото полувреме одигравме одлично со четири транзиции кои можеа да ни донесат гол, но ете немавме и среќа. На крај играта беше наградена со резултат.“

Елмас не можеше а да не го прокоментира и теренот…

„Срамно и недозволиво е да се игра на ваков терен во Европа. Играње на таков терен целосно физички не исцрпува а среќа е што ете нема некои потешки повреди. Им се извинувам на Италијанците што игравме на еден таков терен“ – вели македонскиот „дијамант“.

Се вчитува...