Елмас: Притисокот е на страна на Италија, но тоа нас не не интересира

ЕКИПА во Рим,

Никола Станикевски

Фудбалската репрезентација на Македонија в петок од 20.45 часот на „Олимпико“ ќе и гостува на Италија во натпревар од 7. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следното лето ќе се игра во Германија.

Еден од најдобрите македонски фудбалери и член на Наполи, Елиф Елмас пред мечот вели дека иако притисокот е на страна на Италија, него и соиграчите тоа не ги интересира.

„Очекувам добар натпревар со силна репрезентација. Во Рим има голем број навивачи и се надевам дека ќе покажеме добар натпревар. За противникот, не се плашиме од никого и се надевам дека ќе стигнеме до поволен разултат. Иако ова е многу важен натпревар за Италија ние си гледаме за себе и тука сме да одиграме за нас. Без разлика на која страна ќе биде притисокот ние ќе гледаме за себе, бидејќи едноставно не не интересира тоа. Ќе се обидеме да одиграме како што кажува селекторот и да одиграме најдобро што знаеме“, изјави Елмас.

Елмас додава дека ќе дадат се од себе, а дека од Спалети очекува да ја пренесе во репрезентацијата играта од Наполи.

„Како и досега, секогаш кога играме за Македонија се обидуваме да дадеме максимум така ќе биде и утре. Селекторот ни дава голем број идеи, па се надевам дека и утре ќе биде така. Доста добро го познавам Спалети и мислам дека истата игра со која во Наполи станавме шампиони очекувам да ја имплементира и на утрешниот меч. Висок пресинг агресивна игра и голем посед на топка“, додава Елмас. 

Се вчитува...