Елмас: Против Бугарија потфрливме во нападот, сега мора без грешка!

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас во очекување на утрешниот натпревар (18 ч.) со Гибралтар вели дека никој во македонската селекција не смее да го потцени противникот. Посебно се свесни за тоа сите оние кои пред четири години беа тука на дуелот кој Македонија го доби со 2-0 но наиде на повеќе од тежок отпор од домашните.

„Доста време помина откако играв тука и може да кажам дека тој натпревар пред четири години беше навистина тежок и навистина знам дека ниту најмалку не смееме да ја потцениме оваа селекција. Без разлика што ние одигравме без победник со Бугарија, ние секој натпревар го гледаме пооделно и на секој тргнуваме максимално, секогаш офанзивно без никакви експерименти и калкулации. Така ќе биде и утре, максимално сериозно во желбата за победа и три бода“ – истакна Елмас на средбата со медиумите во Гибралтар.

На претходниот натпревар со Бугарија ни недостасуваше реализацијата…

„Да, против Бугарија потфрливме во финалната фаза од нападот. Но, сега се надевам дека ќе одиграме онака како што треба и во нападот и ќе дојде реализацијата и на утрешниот натпревар, а потоа и на оние два натпревари на домашен терен“.

Македонија сега ја очекува натпревар на вештачка трева…

„Да, ќе биде поразлично малку. Но, на нас не значи ништо на каков терен играме. Мора да го дадеме максимумот без разлика каков е теренот. Кога го почнавме овој собир малку тргнавме потешко поради крајот на сезоната, но сега влегуваме повторно во ритам и мислам дека утре ќе биде далеку подобар натпревар“.

Се вчитува...