Елмас реализираше од пенал, Наполи во 1/4 финалето на Купот на Италија (ВИДЕО)

Екипата на Наполи се пласираше во 1/4 финалето на Купот на Италија, откако на пенали го елиминираше, дури после десет серии. Вања Милинковиќ-Савиќ е херојот кој му го одбрани пеналот на противничкиот играч, за потоа Наполи да реализира и да слави пласман во следната фаза. Елмас исто така шутираше пенал, и го погоди во шестата серија.

Во регуларниот дел беше 1:1. Лоренцо Лука во 28. минута донесе предност за Наполи, по асистенција на Вергара. Сепак, во 67. минута Еспозито успеа да донесе израмнување. Немаше промена на резултатот се до крајот на средбата, па така се премина кон изведување на пеналите. Елмас беше стартер и го одигра целиот меч.

Во првите пет изведувачи, по еден промашен пенал. Феличи во четвртата серија кај Каљари ја погоди пречката, додека ударот на Нереш го одбрани голманот на Каљари, па така серијата продолжи. Во шестата Елмас беше прецизен и го израмни резултатот. Ја смести топката во горниот лев агол од голот на противникот.

Во 10-тата серија Милинковиќ-Савиќ му одбрани пенал на Лувумбо, а Бонџорно реализираше за конечен триумф на Наполи.

Се вчитува...