Елмас сакал минатото лето да си замине од Наполи, но…

Македонскиот фудбалски интернационалец Елјиф Елмас минатото лето сакал да си замине од екипата на Наполи и веќе имал побарано трансфер, во периодот кога се случуваше голем „рибилдинг“ во таборот на клубот од „Диего Армандо Марадона“.

Италијанците потенцираат дека после три сезони во Наполи и големата реконструкција на тимот со заминување на дел од важните играчи и ангажманот на нови како Квича Кварацхелија, Џакомо Распадори, Тангеј Ндомбеле, Џовани Симеоне…, Елмас не сакал да ја има улогата на „џокер“, туку сакал уште поголема минутажа.

„Џунтоли поддржан од Спалети на многу умешен начин разговараа со Елмас и го убедија да остане. Спортскиот директор и тренерот му посочиле дека секој член на Наполи е исклучително важен и посебно го мотивирале Македонецот да биде уште подобар. И сега не е конинциденција што Елмас е еден од најдобрите и што ја игра најдобрата сезона, а веќе според голгетерскиот ефект ги надмина сите негови досегашни со петте гола“, објавија италијанските медиуми. 

Елмас годинава е еден од најважните фудбалери на Наполи кои не се стандардни првотимци. Македонецот е една од најдобрите замени во Серија А и е еден од виновниците за одличната сезона на „наполитанците“ кои се многу блиску до титула во Калчо лигата.

Се вчитува...