Елмас: Сакам да играм на централната позиција… Спалети: Цело време беше надвор од својата позиција!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна единствениот погодок за Наполи во разочарувачкото реми (1-1) со Лече.

Елмас, по мечот, на новинарско прашање одговори дека повеќе сака да игра на централната позиција во средниот ред, иако секогаш е подготвен да го даде максимумот на секоја друга позиција.

„Одигравме добро и создадовме шанси, но немавме завршница на мечот и поради тоа не дојдовме до победата. Лично повеќе сакам да играм централно во средниот ред, но секако подготвен сум да го дадам максимумот и на секоја друга позиција“ – истакна по натпреварот македонскиот репрезентативец.

Но, свое размислување околу позицијата на Елмас по мечот имаше и тренерот на Наполи, Лучијано Спалети кој, и покрај погодокот, не е задоволен од изданието на македонскиот фудбалер.

„Одигравме лош меч, посебно во средниот ред, каде бевме спори и предвидливи за противникот. Елмас цело време беше надвор од својата позиција, и токму тоа беше клучно затоа што сето тоа умешно го користеа фудбалерите на Лече“ – изјави Спалети.

Се вчитува...