Наполи синоќа одлично ја започна новата сезона во Серија А, остварувајќи победа од 5-2 над Верона. Во летниот период од Наполи си заминаа неколку важни играчи како Инсиње, Мертенс и Кулибали, а преговори се водат и за трансфер на Фабијан Руиз во ПСЖ.
Нашиот репрезентативец Ељиф Елмас на дуелот против Верона доби шанса во 68.минута, а по натпреварот даде свој коментар за трансфер пазарот во клубот, но и за сезоната што претстои.
„Во секој клуб е здрава работа да има промени, многу мои соиграчи беа долго тука, а сега се одлучија да заминат по нови предизвици. Но тука се новите засилувања кои ќе донесат освежување на клубот и ќе помогнат да имаме добра сезона. Минатата беше одлична се надевам дека и оваа ќе биде таква“, потенцираше Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

