Елмас се препороди во Торино: Надмудри четири играчи пред себе и погоди во голот на Парма (ВИДЕО)

Елиф Елмас игра како препороден по враќањето во Серија „А“ и во тимот на Торино. Денеска Елмас постигна нов гол во дресот на неговиот нов клуб, и тоа на гостувањето во Парма. Во 19. минута Елмас надмудри четири противнички фудбалери, и успеа да донесе водство за својот тим.

За Елмас ова беше третиот гол во четвртиот натпревар за Торино, откако пгооди против Болоња и Монца претходно.

Се вчитува...