Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас веќе му се стави на располагање на тренерот на Наполи, откако ги одигра натпреварите со македонската репрезентација.
Против Лихтенштајн, Елмас постигна прекрасен гол, и тоа беше најава пред „кам-бекот“ во Наполи. Играчот ќе мине во Неапол како позајмен од Лајпциг, со право на откуп на крајот на сезоната.
„Елмас е пресреќен, едвај чека да се врати на теренот во дресот на Наполи. Тој ќе биде од голема корист за Конте. Токму поради неговата разноврсност и способност да се адаптира на секоја позиција. Може да игра како крило, како играч од средниот ред“, напиша „Ил Матино“ во денешното издание откако го следеше првиот тренинг на Елмас по враќањето во Неапол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

