Елмас вечерва се приклучува во Ерменија да им помогне на младите!

Репрезентативецот на Македонија, Ељиф Елмас ќе се приклучи вечерва на младата репрезентација за дуелот со Ерменија. Елмас нема право на настапи против Албанија поради два жолти картони кои ги заработи на средбите потив Израел и Шпанија во квалификацискиот циклус со сениорите, па селекторот Боби Милевски реши да го повика талентираниот фудбалер за врска да помогне нациналниот тим до 21 година.

Поради тоа што се две различни натпреварувања, Елмас ќе може да настапи за младата селекција против Ерменија, средбата која е закажана за утре, се означува како прв тест за младинците во квалификациите за ЕП во Италија 2019 година.

“Согласно правилата на УЕФА, Елмас може да настапи за младата селекција, па доби дополнителен повик и вечерва ни се приклучува во Ереван” – вели спортскиот менаџер на младата репрезентација, Зоран Зафиров.

 

Се вчитува...