Наполи повторно го запоседна врвот во Серија А, по победата од 2-1 во големата дерби пресметката против Јувентус на „Диего Марадона“ во Неапол.
Oдличен меч, на позицијата во средниот ред како последен играч за врска, имаше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој како стартер ги одигра сите 90 минути на дуелот.
„На теренот се обидувам да направам сè што можам. Моментално на тимот му е потребен подефанзивен играч за врска и мислам дека одговорив добро на предизвикот. Најважно нешто е што Наполи победи, ако од мене се бара и нешто друго, ќе се потрудам да го направам и тоа. Играњето со Мектоминеј е убаво, тој е малку поофанзивен па јас покривав за него. Да се игра на таа позиција мора да бидеш интелигентен, во спротивно нема да можеш да покриеш. Добро се подготвивме за натпреварот против Јувентус, одигравме со еден напаѓач и покажавме добар пресинг, а на крајот освоивме важни три бода“, изјави Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

