Пред пријателскиот меч со Хајатспор пред три дена, играчот на Наполи, Елиф Елмас се пожали на повреда и побара да не биде во составот на својот тим. Причината е болки во бутниот мускул, поради која доби поштеда од Руди Гарсија.
Денеска Елмас после три дена пауза се врати на тренинзите, и ќе биде во конкуренција за настап на дуелот против Жирона кој е на програмата утре.
Елмас се обидува да се наметне кај новиот тренер Гарсија, со цел да добие поголема минутажа во новата сезона во Серија „А“. Наполи досега одигра три контролни натпревари и издвојува победи над нисколигашот Анун и над Хатајспор, додека одигра нерешено со Спал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА