Македонија после поразот од Украина кој стави крај на нашите надежи за пласман на ЕП 2024 година, игра контролен натпревар против Ерменија. Дуелот се игра во Струмица утре со почеток во 15:00 часот.
И покрај тоа што дуелот има пријателски карактер, сепак, Елиф Елмас ветува дека сите кои ќе излезат на теренот на стадионот „Благој Истатов“ утре, ќе го дадат максимумот и ќе атакуваат на победа.
„Играме натпревар со доста добар противник како што е Ерменија. Очекувањата секогаш се да се победи без разлика за каков меч станвуа збор. Како и претходниот меч ќе излеземе сите заедно сплотени и ќе одиграме добар меч и се надевам дека ќе победиме. Ова е важен меч за нас, знаеме против кого играме, така што ќе дадеме максимум. Мислам дека ова ќе ни биде добра контрола“, вели Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА