Наполи оствари триумф на гости кај Џенова со 1-2. Елиф Елмас славеше против Горан Пандев во „македонската пресметка“ во Серија А. Елмас на стартот постигна и гол во осмата минута, но не беше признат по прегледување на ВАР-снимката поради игра со рака на грчкиот интернационалец Констанинос Манолас.
Дрис Мертенс во 45.минута ги доведе „наполитанците“ во водство, а израмни Едоардо Голданига. Победничкиот погодок беше дело на Ирвинг Лозано во 66.минута.
Елиф Елмас беше стартер и играше до 82.минута кога беше заменет од Пјотр Зијелински, а Горан Пандев влезе во игра во тимот на Џенова во 71.минута на местото на Антонио Санабрија. По овој пораз, Џенова падна во опасната зона на табелата.
Фиорентина и Калјари ремизираа без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

