Елмас со асистенција како со очи за Мектоминеј за водство на Наполи во Копенхаген (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи имаа водство од 0-1 на полувреме на гостувањето кај Копенхаген во натпревар од 7. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Гостите кои што играа со фудбалер повеќе откако во 35. минута Дилејни доби директен црвен картон, поведоа со 0-1 со голот на Мектоминеј во 39. минута на асистенција на нашиот Елиф Елмас.

Еден од најдобрите македонски фудбалери упати одличен центаршут од корнер по кој го најде Мектоминеј кој донесе водство за наполитанците.

FC Copenhagen 0 – [1] Napoli – Scott McTominay 39'
byu/Alsace2025 insoccer

Во останатите мечеви од вечерашната понуда во елитното натпреварување: Интер – Арсенал 1-2, Вилјареал Ајакс 0-0, Олимпијакос – Баер Л. 2-0, Тотенхем – Борусија Д. 2-0, Спортинг  Л. – ПСЖ 0-0 и Реал М. – Монако 2-0.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...