Елиф Елмас денеска и официјално потпиша договор со Лајпциг, решавајќи ги сите дилеми околу својата иднина и заминувајќи во клуб каде дефинитивно очекува да има поголема минутажа од онаа во Наполи.
Македонскиот „дијамант“ мина неколку одлични сезони во дресот на „наполитанците“, по малата минутажа сезонава се реши за нов предизвик во кариерата, но Елмас веднаш по комплетирањето на трансферот во Лајпциг преку емотивно писмо се збогуваше од навивачите на Наполи.
„Мили навивачи, ме пречекавте како дете, ме прегрнувавте, ме штитевте, ми помогнавте да израснам во маж. Заедно проживеавме прекрасни моменти, минавме незаборавни ноќи. Да се биде член на наполитанското семејство е привилегија, јас имав можност да запознам фантастични луѓе и да создадам пријателства што ќе траат цел живот. Дојде момент да се каже збогум, патиштата ни се разидуваат, но врската меѓу нас останува вечна. Да се биде дел од Наполи да се испише историја на клубот и на градот Неапол, тоа е нешто неверојатно. Благодарност до претедателот, до клубот, тренерите, соиграчите и сите останати. Благодарам Наполи, што направи да се чувствувам како дома во овие пет години. Толку многу те сакам, засекогаш ќе останеш во моето срце“, се вели во пораката на Елма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

