Елиф Елмас се соочува со проблеми на стартот од сезонава, македонскиот репрезентативец не добива доволна минутажа за да ги покаже своите квалитети во дресот на Лајпциг, а згора на тоа се мачи и со неколку повреди во изминатите месеци.
Германските медиуми најавуваа дека Елиф конечно ќе добие можност за блесок викендов на домашен терен против Аугсбург, но шансите тоа да се случи значително се намалија по повредата што „дијамантот“ ја заработи на еден од последните тренинзи на својот тим.
Елмас се здобил со удар во пределот на мускулот, потоа пропуштил еден тренинг на Лајпциг, па неизвесно е дали тој утре воопшто ќе биде на поширокиот список на играчи на тренерот Розе за дуелот со Аугзбург.
Останува надежта дека повреда не е сериозна, па Елмас ќе може да настапи за македонската репрезентација на дуелите со Летонија и Ерменија во Лигата на Нации, кон средината на месец октомври.
+++ Personal-Update vor #RBLFCA +++
– Castello #Lukeba ist nach leichten Adduktoren-Problemen wieder zurück.
– Hinter Eljif #Elmas steht ein leichtes Fragezeichen, da er im Training einen leichten Schlag abbekommen hat. pic.twitter.com/VpHJJ1PjXz
— RB Leipzig (@RBLeipzig) September 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА