Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е неразделен во Наполи со белгискиот репрезентативец Дрис Мертенс.
Мертенс денеска го слави својот 33-ти роденден, а Елмас не пропушти можност да му го честита со видео материјал кој датира од февруари оваа година. Во февруари фановите на Наполи ги развесели видео-снимката на која Елмас ја пее „Није мене душо убило“. Мертенс тогаш убаво си се разигра, а сега потсетувајќи се на тој видео-материјал, македонскиот фудбалер уште еднаш му посака добро расположение…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА