Елмас: Созреваме со секој следен натпревар, во иднина следат нашите најголеми успеси

По издржувањето на суспензијата поради црвениот картон добиен на натпревар против Ерменија во Ереван, фудбалерот на Елиф Елмас повторно се враќа во комбинација за првиот тим во репрезентативниот состав за утрешниот натпревар против Гибралтар во Скопје.

Се очекува Елмас од првата минута да се најде во составот на Игор Ангеловски за последната пресметката од Лигата на нациите во која треба само да го потврдиме првото место во групата и пласманот во плеј-оф завршницата од Лигата Д во Лигата на нации.

Пред дуелот со Гибралтарците Елмас потенцира дека Македонија од натпревар на натпревар се повеќе созрева, јасно потврдувајќи дека во иднина треба да следат најголемите репрезентативни успеси.

„Фактот дека победуваме, некогаш и низ игри кои не докрај ги задоволуваат љубителите на фудбалот јасно потврдува за оваа репрезентација има еден сосема поинаков карактер во однос на претходните. А, тоа е победнички. Македонија созрева со секој следен натпревар. Верувам дека во иднина ќе славиме големи победи со македонската репрезентација“ – вели Елмас.

Се вчитува...