Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пристигна во Неапол синоќа после полноќ, на нов потпис со италијанскиот шампион каде и дефинитивно се враќа повторно за продолжување на својата кариера.
Повеќе од срдечно Елмас беше пречекан во својот клуб, веднаш коментирајќи дека е среќен што се враќа во својот омилен град и во Наполи, по година и пол откако замина од клубот.
Откако трансферот и официјално е договорен, денеска Елмас треба да ги мине лекарските прегледи а потоа ќе следи и официјалната промоција во Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

