Еден од најдобрите македонски фудбалери Eлиф Елмас беше стартер во неговиот Ред Бул Лајпциг во ремито против Ајнтрахт Франкфурт на гостински терен 2-2 во последниот меч сезонава во Бундеслигата.
Иако гостите имаа водство од 0-2 со головите на Чави Симонс во 42. минута од пенал и Шешко во 46, сепак на крајот домаќините со погодоците на Етиките и Мармуш од пенал успеаја да стигнат до бод (2-2). Елмас беше стартер за неговиот тим и одигра 74. минута.
Eintracht Frankfurt 0-[2] RB Leipzig – Benjamin Sesko 46′
byu/suedney insoccer
Марко Ројс на најдобар можен начин се прости од својот „Вестфален“ со победа над Дармштад од 4-0. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Матсен во 30. минута, а потоа на сцена стапи токму Ројс кој со „резантен“ удар од слободен удар зголеми на 2-0. На 3-0 зголеми Бранд во 72. минута, додека конечните 4-0 беа дело на Мален во 88. минута. Марко Ројс теренот го напушти во 81. минута, а беше испратен со шпалир на сите фудбалери и со стоечки овации на трибините.
Dortmund reverencia Marco Reus. Hoje a festa é sua, craque! 👏🟡⚫️#BundesligaNoSportv pic.twitter.com/DyEIvSxW0s
— sportv (@sportv) May 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА