Македонскиот фудбалски репрезентативец Елјиф Елмас продолжува со подготовките за новата сезона со својот Наполи.
Италијанскиот шампион денеска ја одигра трета контрола сезонава на која ремизираше против Жирона 1-1. Шпанскиот прволигаш поведе со 1-0 со погодокот на Кико Стуани во 13. минута, додека конечните 1-1 беа дело на Џовани Симеоне од пенал во 42. минута.
Елјиф Елмас беше стартер на овој меч и одигра еден час.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА