Елмас стартер за Фенербахче во првиот меч на Коку

Македонскиот мегаталент Елиф Елмас се најде во стартниот состав на турскиот Фенербахче во првиот меч што тимот го игра под раководство на новиот тренер Филип Коку. Холандскиот тренер ова лето ја доби довербата на раководството на Фенербахче и најави дека ќе им даде многу поголема шанса на младите фудбалери меѓу кои е и Елмас. Фенербахче ги стартува пријателските натпревари со дуел против Истанбулспор.

Дека се работи за речиси најдобриот избор на Коку потврдува и фактот дека во составот се и голманот Камени, дефанзивците Шкртел, Исла, а во средниот ред заедно со Елмас ќе делуваат Валбуена и Џулијано. Во нападот е шпанскиот интернационалец Солдадо.

Се вчитува...