Елмас стартуваше подготовки со Фенербахче под раководство на Коку

Турскиот прволигаш Фенербахче ги стартуваше подготовките за новата сезона со нов тренер. Холандскиот стратег Филип Коку ја изврши прозивката на тимот, а во неговиот нотес е и името на македонскиот мегаталент Елиф Елмас. Тој ги почна подготовките со Фенербахче, иако се најавува дека можеби ќе треба да замине на едногодишна позајмица.

Најзагреан за услугите на Елмас е новиот турски прволигаш Анкарагучу.

Се вчитува...