Елмас се приклучи на Лајпциг, и веднаш на подготовки во Мурсија

Елиф Елмас ја почна својата авантура во Лајпциг откако македонскиот репрезентативец денеска отпатува со својот нов тим на подготовки во шпанскиот тренинг-комплекс Ла Манга во близина на Мурсија.

Елмас треба да биде главно засилување на Лајпциг за вториот дел од сезоната по трансферот од Наполи, но тренерот на германскиот клуб и соиграчите сепак ќе треба да почекаат за да го видат нашиот „дијамант“ на дело.

Имено, Елмас денеска не тренирал со остатокот од екипата, жалејќи се на мал проблем со мускулот на ногата. Како што информираат од Лајпциг, Елиф тренирал индивидуално на првиот ден од овие мини-подготовки, а од германскиот клуб се надеваат дека тој наскоро ќе се приклучи на тимските тренинзи.

Лајпциг првиот натпревар во 2024 година ќе го игра на 13 јануари на домашен терен со Ајнтрахт, сосема доволно време за Елмас да се опорави целосно и да му биде на располагање на стручниот штаб за овој дуел.

Се вчитува...