Елиф Елмас го стартуваше натпреварот на Наполи со Сасуоло на кој неговиот тим запиша гостинска победа, продолжувајќи со својот пат кон шампионската титула.
Веќе сите во фудбалска Европа го гледаат Напои како нов шампион на Италија, меѓутоа македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас синоќа информираше дека во клубот апсолутно никој не го кажал магичниот збор – скудето!
„Во клубот никој се уште не го кажал зборот ‘скудето’, затоа што има уште многу за играње. Не сакаме да се опуштиме, туку напротив секој меч за нова победа. Среќни сме што победивме со Сасуоло, ако се сеќавате лани имавме 2-0, па освоивме бод (2-2), а Сасуоло беше во серија со победи против Милан, Лацио, Аталанта“ – вели Елмас.
Македонскиот репрезентативец од 22 меча на кои играше сезонава на седум беше стартер, а притоа е и трет најдобар стрелец на тимот.
„Среќен сум што ете дадов нов допринос во победата, сите сме важни за Наполи во моментов, а јас кога и да играм, дали од почеток или кога влегувам од клупата, се трудам да го дадам максимумот и да им помогнам на соиграчите. Знаеме дека имаме феноменална сезона и сигурно сакаме да продолжи на тој начин“ – истакна Елмас по синоќешната гостинска победа над Сасуоло од 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА