Елмас утре на лекарски прегледи, па директно на „Диего Армандо Марадона“

Веќе нема никакви дилеми, Елиф Елмас се враќа во Наполи 18 месеци откако беше продаден во Лајпциг. Сите детали од едногодишната позајмица се договорени, a медиумите од Неапол вечерва објавија нови детали околу утрешната официјализација на овој транфер.

Елиф веќе е на пат за Италија, а деталните лекарски прегледи се закажани за утре. Не би требало да има никакви проблеми, па по прегледите ќе следи и потписот на договорот, по што Елмас веднаш ќе се упати кон стадионот „Диего Армандо Марадона“, на кој Наполи ќе го игра мечот од второто коло на Серија А против тимот на Калјари.

Македонскиот репрезентативец нема да настапи на овој натпревар, но ќе биде присутен на трибините, да ги поздрави навивачите со кои изгради фантастична врсска во претходната повеќегодишна авантура како член на „сино-белите“.

Наполи ќе плати два милиони евра за позајмицата на Елмас, со можност следното лето целосно да го откупи неговиот договор со Лајпциг за дополнителни 17 милиони евра.

Се вчитува...