Елмас в понеделник ќе дебитира за Фенербахче, на тест против Калјари

Македонскиот мегаталент Елиф Елмас в понеделник ќе го има своето деби во дресот на Фенербахче, најавуваат турските медиуми. Фенербахче ќе одигра пријателски натпревар со италијанскиот тим Калјари, а се очекува тренерот Ајкут Кочаман да му даде шанса на младиот фудбалер за првпат да заигра во дресот на турскиот гигант.

Инаку, Елиф Елмас се уште чека дозвола од УЕФА да биде регистриран за Фенербахче, а засега доби само можност да тренира со тимот како „гостин на клубот“. Елмас е се уште малолетен, ќе наполни 18 години на 24 септември, а Фенербахче побара специјална дозвола од УЕФА да го регистрира до крајот на преодниот рок, за да може да настапува и во првиот дел од сезоната во турскиот шампионат. Тој ова лето од Работнички се пресели во редовите на Фенербахче.

Се вчитува...