ЕКИПА во Гибралтар,
Владимир Булатовиќ
Фудбалерот од средниот ред Елиф Елмас по пристигнувањето на македонската репрезентација во Гибралтар вели дека натпреварот со Бугарија треба да се остави зад нас и со сите мисли фокусот да се насочи кон противникот кој не очекува во недела како би се стигнало до првата победа во Лигата на нации.
Македонија во Гибралтар допатува со јасна цел за три бода, а за да се реализира тоа и Елмас знае дека ќе треба да се одигра во максимален рита,.
„Видовме и самите на дуелот против Бугарија дека треба да дадеме уште повеќе за да стигнеме до победа. Не е очигледно доволно само да сме подобри од противникот туку навистина да се даде максимумот за да се ефектуира таа надмоќност на теренот. Искрено се надевам дека на следните натпревари ќе бидеме 100% во неопходниот ритам па ќе оствариме на сите натпревари победи. Секако нашата желба е триумф во Гибралтар“ – вели Елиф Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА