Елмас во мега-интервју за „Билд“: Секогаш ќе го паметам голот за Македонија против Германија, во Лајпциг сум по едно повисоко ниво на игра!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е една од ѕвездите низ досегашниот тек од трансфер периодот во Германија.

По пет години минати во Наполи македонскиот „дијамант“ се пресели во Лајпциг каде како што вели во мега-интервјуто за германски „Билд“ очекува подигнување на нивото на игра и сериозен негов напредок на европската фудбалска сцена…

„Се преселив во Лајпциг за да стигнам до нивото, на пример, на еден Јошко Гвардиол, Кристофер Нкунку или Доминик Собослаи кои играа извонредно во дресот на Лајпциг а сега се веќе големи европски ѕвезди“ – вели Елмас.

Македонскиот фудбалер, меѓу другото, очекувано зборува и за настапите во дресот на Македонија и онаа победа против Германија во квалификациите за СП 2022 во Дуисбург кога токму Елмас беше стрелец и асистент во победата на Македонија од 1-2.

„Никогаш нема да го заборавам тој гол и таа победа против гигант како Германија. Се разбира сега сум тука  уште еднаш да го покажам сиот свој квалитет, но и да го добијам вниманието и љубовта од навивачите на Лајпциг кај кои сигурно тогаш не бев омилен по голот за победа против вашата селекција“ – вели Елмас во интервјуто за „Билд“.

Се вчитува...