Елмас во Неапол го дочекува Ливерпул, Баерн М. во „пеколот“ во Милано

Елиф Елмас денеска го почнува походот во Лигата на шампионите. И подобар прв натпревар не можеше да посака тимот на Наполи. На домашен терен го пречекува шесткратниот европски првак Ливерпул. Елмас чека шанса од тренерот Лучијано Спалети против „ѕвездите“ како Салах, Александар-Арнолд, Ван Дајк…

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети ја напомена разликата помеѓу ваквите натпревари и оние во домашните првенства.

„Во вакви натпревари во ЛШ секој потег е решавачки. Одеднаш „мртва топка“ оживува, и на крајот го решава мечот. Тоа е главната разлика меѓу вакви натпревари и оние во домашните шампионати“, рече Спалети. 

Елмас е третиот македонски репрезентативец сезонава во ЛШ. Вчера својата мисија победнички ја заокружија Стефан Ристовски и Аријан Адеми, кои остварија голема победа над Челси, а Адеми ја понесе наградата за најдобар играч на натпреварот.

Дербито е во Милано, каде што Интер го пречекува Баерн Минхен. И покрај тоа што станува збор за најдобрите италијански клубови, сепак, Баерн важи за еден од фаворитте не само да ја освои групата, туку и да ја освои титулата во ЛШ.

Барселона има лесна задача на хартија и на домашен терен го пречекува тимот на Викторија Плзен. „Каталонците“ во досегашните два меѓусебни натпревари имаат две победи без примен гол. Со оглед на формата и нападот на Барса, се очекува голеада.

Во пиринејското дерби Атлетико го пречекува Порто, а Олимпик Марсеј го чека тешка задача на гостувањето кај Тотенхем. Баер Леверкузен има гостување кај Бриж, додека Ајнтрахт Франкфурт ја почнува одисејата во ЛШ против  Спортинг Лисабон. Ајакс во Амстердам на домашен терен го чека финалистот од минатосезонската ЛЕ – Глазгов Ренџерс.

Се вчитува...