Елмас за Кварацкелија: Конкуренција е добра работа во светот на фудбалот

Елиф Елмас на голем дел од натпреварите ланската сезона настапуваше како лев офанзивец, резервна опција за Лоренцо Инсиње. Сега кога Инсиње се пресели во Торонто, „наполитанците“ на местото на екс-капитенот го донесоа Грузиецот Кварацкелија, кој игра во одлична форма во подготвителниот период.

Елмас го одигра првото полувреме на вчерашниот меч со Адана (2-2), но нападот на Наполи делуваше многу поопасно во вториот дел кога Кварацкелија влезе во игра на местото на македонскиот репрезентативец.

„Конкуренцијата воопшто не ме плаши, напротив, знам дека ќе ме направи уште подобар. Да се има силна конкуренција е добра работа во светот на фудбалот“, дециден е македонскиот „дијамант“.

Се вчитува...